Работилница за партиципативна уметничка пракса со Кристина Божурска

Во рамки на проектот Arts Hub, КСП „Центар-Јадро“ од Скопје организира работилница за партиципативна уметничка пракса во текот на месец мај, под менторство на визуелната уметница Кристина Божурска. Работните сесии ќе се одржуваат во просторот на Центар-Јадро.

Бројот на местата е ограничен и од прифатените апликанти се очекува редовност на сите сесии. Улогата на уметноста при воведување на политичките и социјалните прашања во јавната сфера е сѐ поголема. Денес, уметничките практики се служат со широк спектар на средства, елементи и стратегии кои промовираат зголемена критичката свест и позитивна социјална трансформација. Функцијата на самата уметност во општествениот контекст е да понуди излез од зоната на удобност. Преку оваа работилница наша цел е да се поттикне уметничкото творештво кое излегува од традиционалната рамка на дејствување и зема активно учество во креирањето на конструктивни општествени промени.

На работилницата ќе се разговара и работи во насока на разбирање на општествено ангажираната практика како медиум за создавање на уметничко дело.

Работилницата е наменета за сите мотивирани, млади локални визуелни уметници на возраст меѓу 18 и 35 години, кои сакаат да ги зголемат своите знаења и вештини во областа на социјално ангажираната уметност но и за сите оние кои би сакале да реализираат партиципативно уметничко дело. Може да се пријават сите што сакаат да научат како да ја аплицираат својата уметност надвор од музеите и галериите.

Пријавување најдоцна до 30 април на следниот линк.

 

Сподели