Деновиве се објaвени трејлерот и музиката на македонскиот филм „Гласот на тишината“ на режисерот Илија Павлов. Станува збор за прв игран долгометражен филм на Павлов, а музиката е на полскиот композитор Тадеуш Внук, познат како Heynato.
„Гласот на тишината/ Rebirth: Voice of Silence“ имаше европска премиера на Фестивалот на европски филм „Синедејс“, а светската премиера беше во рамките на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.
Проекцијата на првиот долгометражен филм на Павлов можеше да се проследи во Кинотека, Котур и 3Д кино Битола, а како што информира авторот, во моментов се договара и негова интернационална дистрибуција. Освен во Скопје и во Битола, најавува проекции и во други македонски кина, за да може да биде достапен на поширока публика.
Павлов во моментов работи на својот втор долгометражен филм насловен „Емил, врати се“.





