Работилница за креативно пишување во чест на Тоде Илиевски

Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности „Креативна верига“ во рамките на настаните од конкурсот за наградата „Тоде“, за најдобра песна за деца, вчера одржа работилница за креативно пишување за учениците на ОУ „Григор Прличев“. Работилницата ја одржа Мерсиха Исмајлоска.

Централниот настан на кој ќе се наградат трите најдобри песни, ќе биде денеска во 12 часот, на роденденот на Тоде Илиевски, во 12 часот во салата на Општина Охрид.

Настанот ќе биде збогатен со рецитал подготвен од песните на Илиевски, во изведба на учениците на ОУ „Св. Климент Охридски“.

Сподели