Едукативна работилница за деца и млади „Љубов голема колку Скопје“ е закажана за вечерва од 19 часот во „Бруталиск“ во Скопје. Едукативната работилница за деца и млади во која тие преку различни забавни и креативни активности – игри со временски капсули, пишување на стари писма, разгледби на Скопје пред земјотресот, ќе го видат градот со поинакви очи. Работилницата ќе ја води Александра Тодоровиќ.
Овој настан е дел од серијата настани „Земјотресна недела“ посветени на 60 години од скопскиот земјотрес, во организација на култното место кое го слави градот, „Бруталиск“.
Тодоровиќ во својата книга „Љубов голема колку Скопје“ веќе им го претстави градот преку една љубовна приказна. Таа ќе ги води децата низ едно несекојдевно патување во времето.





