Првото ЕР од Горазд Наневски достапно за слушање

Kaizen е насловот на првото ЕР (Extended play) од Горазд Наневски чија слушачка промоција се одра во Скопје. Присутните ги слушнаа песните од EP-то и за прв пат го видоа музичкото видео за насловната песна. Настанот беше проследен со диџеј сет на DamageControl.

– Реализацијата на ова EP почна во август 2022, како збир на идеи запишани на телефон. Минувајќи низ голем број промени и ревизии, EP-то растеше истовремено со мене. Овој краток проект е сликата на мојот пат како музичар во последната година и пол. Особена чест ми е што на ова EP гостува легендарниот Ади Имери – вели Наневски.

Сподели