„Првите 30“ – изложба на Касиопеја Наумоска во Кинотека

Изложбата „Првите 30“ на Касиопеја Наумоска ќе биде отворена вечерва во 19 часот во галеријата на Кинотеката во Скопје. Поводот за оваа изложба е тридецениското творештво на уметницата Наумовска.

Уметноста е единствената сериозна работа на овој свет, а уметникот е единствена личност што никогаш не е сериозна. Целта на уметноста е да ја открие уметноста и да го скрие уметникот. Уметноста ни овозможува да се изгубиме и да се пронајдеме себеси, во исто време. Можеш да гледаш во некоја слика цела недела и потоа никогаш да не помислиш на неа. Можеш и само за миг да погледнеш во некоја слика и потоа цел живот да мислиш на неа – пишува д-р Васко Шутаров за изложбата на Наумоска.

Тој додава:

30 го комбинира значењето на две компоненти, ова се броевите 3 и 0. Познато е дека вибрацијата на бројот 3 значи спонтаност, енергија, ентузијазам, шарм и комуникација. Бројот 0 ја комбинира енергијата на бесконечноста, целината, почетокот, продолжувањето и завршувањето во исто време“, ќе каже една група од посветени нумерозолози за симболиката на бројот 30! Според друга, подеднакво убедлива група нумеролози, бројот 30 претставува идеална комбинација од креативност и комуникација. „Познато е“, велат од таа група, „дека овој број зрачи со харизматична енергија. Бројот 30 ја содржи моќната енергија на Јупитер во себе. Нулата го засилува креативниот талент на бројот Три!“.

Јас ќе напишам дека сме почестени што сме современици на Касиопеја, која несомнено е дел од она ѕвездено јато на прекрасни, талентирани и креативни сликари што Македонија ги дала, напиша отец Пимен по повод јубилејот.

– Пред да ѝ посакам на Касиопеја уште многу години плодна работа со многу испразнети туби боја и истрошени четки и шпакли и оставени подзинати фаци на нејзината публика, би сакал тука да ја споделам нашата конверзација за да го напишам овој текст. Кратка и искрена од двете страни.

– Другарче, ќе успееш да пишеш збор-два за изложбата?

– Ама тоа секако. Имам очи да видам што црташ, имам зборови да кажам што гледам.

 

Сподели