Текст и фотографии: Тоше Огњанов
Со пораки на македонски јазик против уништувањето на Газа, против агресијата врз Украина, против алчноста и корпорациите, против ограбувањето на сиромашните земји, беше исполнет концертот на култниот британски музички
состав, „Масив Атак“ што вчеравечер се одржа на стадионот на АРМ во Скопје. Дел од визуелните пораки од концертот беа насочени и против политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, против израелскиот премиер Бенјамин
Нетанјаху, во неколку наврати се појави и рускиот претседател Владимир Путин.

Не беше поштеден ниту мултимилијардерот Илон Маск. Општествено ангажираните пораки и визуелизациите што одеа во позадина, се вклопија со стиховите на бендот, при што за публиката донесоа читачко и филмско искуство низ нивниот препознатлив звук.

Сето тоа беше надополнето со електронскиот бит, гитарите, двојниот сет тапани, како и своевидна тензичност и воздржаност во вокалните изведби. Со огромно одушевување кај публиката беше дочекана вокалистката Елизабет Фрејзер, која на сцената се појави во средината и на крајот од концертот. Поголемиот дел од пораките што одеа во позадина, беа на македонски јазик, за чиј превод била употребена и вештачката интелигенција.
Пред концертот на „Масив aтак“ настапи Дина Јашари со нејзиниот бенд. Нивните изведби беа проследени со овации и поддршка од публиката, како и со коментари дека Јашари станува исклучително значајно име на македонската музичка сцена.







