Протест на #СитеЗаМКЦ пред Советот на Град Скопје

Движењето #СитеЗаМКЦ денеска во 10.45 часот ќе направи протестна акција пред Советот на Град Скопје во знак на револт за кратењето на буџетот и менувањето на временото раководство на градската институција. Организитаорите велат дека целта на акцијата е да се покаже културата и историјата на Младинскиот културен центар.

– МКЦ не е само уште една државна институција заборавена во времето, туку институција што го следи развојот на уметноста, активно делува и организира настани. МКЦ дефинитивно не заслужува буџетот да му биде скратен за 92 отсто и да биде мета на политички игри. Бараме Град Скопје во најбрз можен рок да ја промени оваа одлука. Преку 50 години, МКЦ е дом на голем број уметници, музичари, културни работници и активна публика. Нема да се откажеме од оваа историска институција и нема да престанеме да се бориме за нејзиното опстојување – велат тие.

#Сите за МКЦ е неформално движење на музичари, уметници и засегнати граѓани кои се борат за зачувувањето и фер финансирањето на институцијата. Движење се формираше непосредно по граѓанскиот собир #СитеЗаМКЦ кој се одржа во неделата на платото пред МКЦ за да се изрази револтот кон актуелните случувања со намалувањето на буџетот. Настанот го организираше Гола планина колектив“ – независна мрежа на новиот музички бран во Македонија.

Ниту сме партиски определени, ниту пак добиваме финансиска поддршка од некого. Целиме да ја шириме нашата мрежа и добредојдена е помош од секој кој се залага за зачувувањето на МКЦ, како и поддршката на независната културна сцена во Македонија – велат тие.

Сподели