Промоција на „Зборовезница на едно новинарско перо“ од Милева Лазова

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје вечерва во 18.30 часот ќе се о промоција на книгата „Зборовезница на едно новинарско перо“ од новинарката Милева Лазова. Делото ќе го промовираат Валентина Горгиевска-Парго и Лилјана Стоилковска. Модератор е Оливера Јовановска.

Во придружната музичка програма ќе настапат: Васил Атанасов, обоа, Влатко Митев, тапан и Сашко Митев, инструменталист и вокал. Настанот го организира едукативното здружение „7/8-Седум осмини“, во рамките на Скопје, Европска престолнина на културата 2028.

Сподели