Промоција на „Tркалаланица“ од Марта Чупевска и Тамара Забазноска

Промоција на „Tркалаланица“ од авторката Марта Чупевска и илустраторката Тамара Забазноска ќе се одржи денеска во 11 часот во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје. Книгата ќе ја промовира Ана Јовковска, а покрај авторските ќе учествува и Тина Чачоровска.

Ова е прва сликовница во втората едиција „Светулка 2“. Во првата едиција раскажани се 15 приказни. „Тркалаланица“ е всушнос весела песнаа и бројаница за децата од предучилипна возраст. Според Ана Голејшка-Џикова, во певливата, заброената, весела „Тркалаланица“ на Марта Чупевска можете да прошетате низ цела џунгла, да броите и да се насмеете на една животинска, весела прошетка.

– Приказната е во песна, односно преку 10 животни ја откриваме нивната џунглеста авантура во складни или прошарани рими, музикален тон и слобода на изразот на авторката Чупевска во кој се насетува наследството од басните, во кои животните имаат карактеристики на луѓе. Токму овој аспект од оваа сликовница која со истовремено звучно и тркалезно име, може да се приближи до читателот, но и до светот на детето кое постојано се менува, се тркала, се движи и станува со секој нов ден поинтересен – вели таа.

Сподели