Македонија и Босна и Херцеговина ќе соработуваат на полето на филмот

Зајакнување на меѓуинституционалните односи и приближување на кинематографијата, создавање на нови можности за промовирање на кинематографиите, размена на најдобрите искуства и практики, иновативни идеи за развој на локално и на регионално ниво се дел од придобивките во филмската дејност што преку соработка ќе ги развиваат Македонија и Босна и Херцеговина. Меморандумот за соработка го потпишаа Сани Саиди, директор на „Вардар филм“ од Скопје и Инес Тановиќ, директорка на на Филмскиот центар во Сараево.

Од „Вардар филм“ велат дека меморандумот овозможува и иницира долгорочна и продлабочена соработка и во делот на трансфер на знаењата и подобрување на услугите во филмскиот сектор на двата филмски центри, заедничко развивање на различни едукативни програми наменети за персоналот, филмските работници со посебен фокус на младите кадри, подготовка и реализација на заеднички проекти во филмската дејност и заедничко аплицирање на регионално ниво.

Сподели