Во книжарницата „Литература.мк“ во скопскиот трговски центар „Сити мол“ вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на романот за деца „Сам во рој“ од Сашо Кокаланов кој ја потпишува книгата под псевдонимот Иван Дричко. Книгата е издание на „Либи“, дел од „Арс ламина – публикации“. Промотори ќе бидат уредничката Оливера Ќорвезироска и писателот Ермис Лафазановски.
„Сам во рој“ е приказна за едно дете и неговата страст за инсектите како надомест за пријателите што ги нема. Сашо Кокаланов е новинар, романописец и драмски автор. Ова е негова втора книга за деца, по сликовницата „Непотизам“, објавена во едицијата „Големи зборови за мали уши“. Промоцијата се одржува во рамките на „Денови на литературата“.





