Промоција на „Љубов голема колку Скопје“ од Александра Тодоровиќ

Во фоајето на Националната опера и балет вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Љубов голема колку Скопје“ од Александра Тодоровиќ. Делото е издание на „Паблишер“, а ќе го промовира Зорица Црношија.

Александра Тодоровиќ е македонска авторка, пред сè позната по книжевните светови кои им ги подарува на децата. Родена е во 1980 година, во Скопје, каде што го завршува и средното образование во гимназијата „Јосип Броз Тито”, а потоа дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први”, на одделот за новинарство. Понатамошниот животен тек го продолжува по новинарските води, работејќи како новинар и водител во МТВ.

Промоцијата се одржува во рамките на манифестацијара „Денови на европско Скопје“.

Сподели