Младите да се вклучат во младински активности, преку работа, соработка неформално образование, спроведување младинска политика, размислување за третманот на младите во општеството – ова беа дел од темите што ги опфати проектот „Седум дена младинска активност“, што го организираше „Поинт Комуникации“. Проектот беше поддржан од Град Скопје.
Целта на проектот е да се поттикнат младите лица да водат здрав начин на живот, да градат здрави животни навики, да разменат мислења за спортот, културата и образованието. Да се насочат кон здраво и правилно искористување на своето слободно време, да заземат активно учество на спортски активности да се поттикне нивниот талент и да се награди слободното размислување на дадена тема. Да се развие претприемничкиот дух кај младите со акцент за совесна иднина со свесност за заштита на животната средина. Млади кои ќе бидат сочувствителни, емпатични и активни. Млади помеѓу кои нема да постои насилство.
Млади од неколку основни и средни училишта беа во посета на Здружението на возачи на град Скопје, претпријатие кое е етаблирано на пазарот и кое постои 65 години со неколку свои станици за технички преглед и регистрација на возила. Младите се запознаа со работата на здружението, го проследија секој процес и сегмент на нивното работење, се запознаа со добрата и лошата страна на овој бизнис, беа сведоци на тимска работа, услужливост на клиенти, натпреварувачки дух на вработените.

– Преку оваа посета имавме за цел е да се поттикне волонтеризмот кај младите, да ја заштитат животната средина и просторното уредување, да створат слика за претприемништво, за администрација и работа во приватен сектор. Да направат проценка и да ги уочат разликите со цел уште по внимателно да се насочат во образовниот процес – велат организаторите.
Младите ја посетија и општината Кисела Вода, каде што се запознаа со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
За работата на службите, динамиката на работа на општината за одговорноста што ја носи неговата позиција како и за сите добри и лоши страни и предизвици при своето работење, градоначалникот неуморно одговараше на прашањата кои му ги поставија младите посетители. Преку оваа посета младите се запознаа што значи да се работи во администрација, колку е одговорна функцијата градоначалник, како парите од граѓаните и градот да се стават во функција на жителите.

Проектот за младите се затвори со голема трибина пред бројна публика, на која Анкица Стојановска-Митровска од „Поинт Комуникации“ зборуваше за важноста на проектот „7 дена младински предизвик“ за третманот и мотивот на младите и нивната безбедност. На трибината гостите зборуваа за иднината на младите за присуството на насилство во училиштата за тоа како сите заедно треба да им помогнеме на младите да ги изградиме во здрави и вредни личности со здрави навики, спорт, рекреација и родителска поддршка во нивните намери да направат нешто добро за себе и општеството. На трибината се зборуваше дека преку насилство младите не треба да бидат гласни туку преку позитивни примери за своите врсници и околината.
На трибината учествуваа д-р Марина Малиш Саздовска од Факултетот за безбедност, Марија Тодоровска од здружението „Отворена порта“, Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на К. Вода, Тања Нанкова (наставник и претседател на комисијата за еднакви можности „Не за насилство 365 дена активизам“) и други.





