Во Домот на културата „Македонија“ во Гевгелија вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Гледна точка“ од Јани Бојаџи, македонски режисер, продуцент и сценарист. Според д-р Атанас Чупоски, книгата зборува за основите на филмската режија, работата на режисерот и соработката со кинематограферот, продуцентите, актерите итн., но на еден сосема личен и искрен начин.
– Авторот храбро анализира многубројни теми од своето образование и работно искуство, изнесувајќи лични ставови и констатации. Затоа, не случајно книгата завршува со ставот на авторот: „Ова е мојата гледна точка“ – вели Чупоски.
Бојаџи зад себе има повеќе од десетици филмски и телевизиски проекти. Тој професор по филмска и телевизиска режија на Интернационалниот универзитет Europa Prima, основач на платформата „Кинемое“, наменета за македонска продукција за филмови и серии, директор на фестивалот „Преку езерото“ кој се одржува еднаш годишно во Дојран.





