Македонската асоцијација на издавачи ги додели признанијата на годинашниот Саем на книгата кој завршува утре. Признанијата се во осум категории, за изданија меѓу двата саема. Тричлена комисија жирираше за наградите: Елизабета Баковска, Александар Маџаровски и Дејан Џолев.
– Конкуренцијата беше голема, во некои категории имаше дури и до 37 изданија во конкуренција – велат од Асоцијацијата на издавачи.
Ова се наградените:
– Најдобра едиција – „Громови“, во издание на „Антолог“.
– Најдобро ликовно-графичко уредено издание (за оригинален дизајн на корица и внатрешно уредување) – „Жолтата куќа“ од Вилијам Вол, дизајнот на корицата е на Андреј Павлов, издане на „ПНВ Публикации“.
– Најдобра книга за деца и млади – „Невидливата куќа“ на Билјана С. Црвенковска со илустрации на Ване Костуранов, издание на „Чудна шума“.
– Најкреативно издание: „Азбука (Стела и Сани)“ по текст на Венко Андоновски, илустрација на Катерина Николовска, издание на „Три“.
– Автор на годината – Румена Бужаровска.
– Поттикнување на општествена дговорност – „Марко Цепенков одбележување 100 годипнина од неговата смрт“ на издавачќката куќа „Арс ламина“.
– Промотор на читачката култура – Билјана С. Црвенковска
– Иновативност – две први места: Книжарницата на тркала на „Антолог“ и „Македонски книжевни класици“ на „Арс ламина“.





