Македонскиот камерен оркестар „Профундис“ и пијанистката Ема Попивода синоќа настапија на интернационалниот фестивал „КоторАрт“ во Црна Гора. Ова е уште едно во низата интернационални гостувања на „Профундис“ летово.

– Среќни сме што ја имаме честа да го споделиме нашето музичко творење со публиката во Црна Гора. Фестивалот „КоторАрт“ ги спојува најпрестижните уметници како од регионот, така и од светот и важи за фестивал со реноме. Поканата да бидеме дел од официјалната програма претставува вистинска чест и задоволство и значаен момент во нашата уметничка кариера – вели Ѓурѓица Дашиќ, уметнички раководител и диригент на „Профундис“.







