Камерниот оркестар „Профундис“ настапи на фестивал во Црна Гора

Македонскиот камерен оркестар „Профундис“ и пијанистката Ема Попивода синоќа настапија на интернационалниот фестивал „КоторАрт“ во Црна Гора. Ова е уште едно во низата интернационални гостувања на „Профундис“ летово.

Среќни сме што ја имаме честа да го споделиме нашето музичко творење со публиката во Црна Гора. Фестивалот „КоторАрт“ ги спојува најпрестижните уметници како од регионот, така и од светот и важи за фестивал со реноме. Поканата да бидеме дел од официјалната програма претставува вистинска чест и задоволство и значаен момент во нашата уметничка кариера – вели Ѓурѓица Дашиќ, уметнички раководител и диригент на „Профундис“.

Сподели