Проекција на францускиот филм „Вашите лица засекогаш ќе ми бидат пред очи“

Францускиот институт во Скопје ја организира проекцијата на филмот „Вашите лица засекогаш ќе ми бидат пред очи“
на Жана Ери, в сабота во 20 часот во Кинотеката. Улогите ги толкуваат: Елоди Буше, Адел Егзаркопулос и Лејла Бекти. Филмот ја истражува ресторативната правда, од 2014 година, во Франција. На овој начин, на жртвите и сторителите на прекршоци им се дава можност да разговараат во безбедни околности под надзор на професионалци и волонтери.

Филмот е е награден e со 5 Цезари во 2024 – за најдобра фотографија, најдобра музика, најдобри костими, најдобри визуелни ефекти како и Цезар за најдобра споредна женска улога, и има над 1,1 милион продадени влезници во киносалите во Франција.

Филмот е со превод на македонски јазик. Францускиот институт располага со одреден број на бесплатни билети и истите ги распределуваме на принцип „прв дојден, прв услужен“, сè до нивното исцрпување.

Сподели