Проекција на „Медена земја“ денеска на Филмскиот фестивал во Токио

Номинираниот филм за два Оскари, документарецот „Медена земја“ денеска по локално јапонско време во 13 часот ќе биде прикажан во рамките на Интернационалниот филмски фестивал во Токио. Филмот на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов се прикажува во прогрaмата наречена „Целите за одржлив развој на Обединетите Нации во филмската индустрија“ и ќе се прикажува на отворено. „Медена земја“ ќе биде единствен европски филм во оваа програма.

Оваа програма е курирана и иницирана од Андријана Цветковиќ, македонска режисерка, доктор на филмски науки, поранешна амбасадорка на Македонија во Јапонија.
Таа е актуелна советничка на министерот за култура на Јапонија за меѓународна соработка.

Андријана Цветковиќ

На 28 октомври, во рамките на фестивалот ќе се одржи и дискусија што ќе ја модерира Цветковиќ. Ќе учествуваат режисерот Масато Харада (режисер на филмот „Какекоми“, што е дел од селекцијата), Камерон Бејли, директор на Торонто фестивалот и Тамара Котевска, која ќе се вклучи преку зум-врска.

36. издание на светскиот фестивал во Токио започна на 23 октомври и ќе трае до 1 ноември. Претседател на жирито е Вим Вендерс чиј филм „Совршени денови“ го отвори фестивалот.

Сподели