Пријавете се на инфо деновите за програмите Еразмус+ и Европски солидарен корпус

Информативните денови за програмите Еразмус+ и Европски солидарен корпус за оваа година ќе се одржат онлајн на 30 и 31 јануари. Вебинарите ги организира Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. На нив сите заинтересирани ќе добијат информации за овие два повика.

На 30 јануари во 11 часот почнува инфо сесијата за Клучна акција 1 од Еразмус+ и за Европски солидарен корпус. Следниот ден во истиот термин фокусот ќе биде на Клучна акција 2 од Еразмус+. Вебинарите ќе се одржат на Microsoft Teams.

Сите заинтересирани може да се пријават на линкот.

По регистрирањето, во текот на наредните денови ќе добиете информации за приклучување на платформата Teams.

Сподели