Претставата „Добри луѓе“ во режија на Тамара Стојаноска, а продукција на Театар „Златен Елец“ биде изведена вечерва во 20 часот на малата сцена во Велешкиот театар.
„Добри луѓе“ ги испитува емоционалните последици од справувањето со огромната климатска криза и тешките одлуки што секојдневно мораме да ги донесеме како поединци и како општество. Се поставува и прашањето дали сме добри луѓе и дали воопшто можеме да бидеме добри луѓе во ваков анксиозен и пластичен свет исполнет со глобална вознемиреност, лоши навики, тероризам, непостојани временски услови и политички немири.

Претставата е дуодрама работена според текст на Данкан Мекмилан, авторски материјали и инспирација од The Relation Work Project (1976-80) на Марина Абрамовиќ и Улај.
Играат младите актери од Велес: Тијана Трајчевска и Филип Христовски, музиката е на Ива Дамјановски и Виктор Танасковски, фотографиите се на Данчо Стефков, а извршен продуцент на претставата е Бобан Алексоски.
Следната изведба на оваа претстава е на 11 март во Театар „Комедија“ во Скопје.





