Претставата „Разбуди се Тина“ според авторот Милан Гргиќ, а во режија на Драгана Таневска, на сцената на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе биде премиерно изведена на 9 октомври, на затворањето на фестивалот „Денови на комедијата“.
Улогите ги толкуваат: Жарко Јовановиќ, Марко Трајковиќ, Никица Јанковски, Александра Михајловска Величковски, Владанка Крстевски, Сања Русеска, Владо Дојчиновски и Анастасија Трајковиќ.
Сценографијата е Крсто Богојевски, драматург е Симона Тоскиќ, а костимите – на Драгана Таневска и Дарко Илиевски.
Фестивалиот ќе биде отворен на 24 септември, а ќе трае до 10 октомври. Актерката Весна Петрушевска ќе ја добие наградеата „Денови на комедијата“ за нејзиниот придонес на полето на комедијата кај нас. Наградата ќе и’ биде врачена на 24 септември.





