Премиера на претставата „Лавина“ во режија на Наташа Поплавска на Турскиот театар

Претставата „Лавина“ од авторот Тунџер Џуџенолу, во режија на Наташа Поплавска ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот на сцената на Театар Комедија. Сценографија и костимографија се на Поплавска, изборот на музиката – на Ристо Вртев , а кореографијата – Ирена Лозинска.

Дали лавината е само појава во природата или можеби ние во нашите глави сами го создадовме овој страв? – го поставува ова прашање претставата.

Улогите ги толкуваат: Зиба Радончиќ, Селпин Керим, Ебру Мусли, Дин Ибрахим, Сузан Акбелге, Бурханетин Ибрахим, Џенап Самет, Слаѓана Вујошевиќ, Јеткин Сезаир, Инес Радончиќ, Емине Халил, Аксел Мемед и
Наџије Кеч.
Претставата се изведува со титл на македонски јазик.

Сподели