Петтоодделенецот Алексеј Белевски од Битола ја доби првата награда на Интернационалниот натпревар за млади музичари што се одржа во Њујорк. Ученик на проф. м-р Марија Шамоска Буџаковски при Државното музичко училиште во Битола, Алексеј во силна конкуренција на учесници од 16 држави се закити со златен медал, а доби награда и да настапи на концертот на победниците во светски познатата сала Карнеги хол во Њујорк.

– Честитки за големиот успех на нашиот ученик Алексеј и на неговата професорка Марија за работата, посветеноста и љубовта која му ја дава секојдневно. Исто и за поддршката од неговото семејство за реализација на овој настап кој е од голема важност за неговиот пијанистички развој – велат од училиштето.
Настапот на Белевски го оценуваше 12-члена еминентна комисија на врвни пијанисти од САД, Австрија, Германија и од Кина.





