Во Центарoт за култура во Битола вечерва во 20 битолска премиера ќе има „М“, вториот долгометражен филм на режисерот Вардан Тозија. На премиерата ќе присуствува и дел од екипата на филмот. „М“ е фантастична бајка за осамено, осумгодишно момче Марко, кое е во потрага по љубов низ мрачниот, дистописки свет на нашата блиска иднина. Режијата е на Тозија, кој заедно со Даријан Пејовски го напиша и сценариото за филмот.
Актерската екипа ја сочинуваат: Сашко Коцев, Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Бојана Грегориќ-Вејзовиќ, Тони Михаловски, Оливер Митковски, Верица Недеска, Владимир Тулиев, Жаклина Петровска, Благој Веселинов, Борис Дамовски, Јасмина Билаловиќ, Михајло Миленковски.
Фимот утревечер е на репертоарот од 22 часот, а од сабота до среда (13 до 18 октомври) секоја вечер од 20 часот.





