Kраткометражниот филм „Амин“ во режија на Ана Марија Јанковиќ ќе се случи вечерва во 19 часот во 3Д Киното во Битола. На премиерата ќе присуствува и екипата на филмот.
Улогите ги толкуваат: Петар Горко, Маја Андоновска – Илиевски и Петар Мирчевски. Продуцентот на краткометражниот филм е Дарио Јанковиќ. Директор на фотографија е Кристијан Теодоров, а музиката е на Димитар Андоновски.
Скопската премиера на филмот ќе биде на 14 март во „Синеплекс“.





