Премиера на документарецот „Скршени синџири: враќање по ИСИС“ во режија на Сибел Абдиу

Документарниот филм „Скршени синџири: враќање по ИСИС“ во режија на Сибел Абдиу ќе има премиерна проекција денеска во 13 часот во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје. Филмот се базира на вистински приказни на две жени и нивните деца кои се вратиле од Сирија и Ирак, поминувајќи низ тешки предизвици на издржливост и одлучност. Со помош на државата вратени се во татковината и успешно се реинтегрирaни во своите локални заедници.

Филмот е создаден во рамките на проектот „Градење отпорни и инклузивни заедници“ на Центарот за заедничка основа, финансиран од Глобалниот фонд за ангажираност и отпорност на заедниците (GCERF). Главната цел на проектот е да се изградат отпорни локални заедници против насилниот екстремизам и радикализација, преку градење капацитети и поддршка на заедниците и ранливите групи во процесот на превенција/ борба против насилниот екстремизам како и реинтеграција и рехабилитација на повратниците и нивните семејства.

Проекцијата на филмот е во соработка со Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам. По официјалното обраќање, ќе следува дискусија со режисерката Сибел Абдиу од „Машина продукција“.

Сподели