Во скопското кинот „Фросина“ при Младинскиот културен центар вечерва во 19 часот премиерно ќе биде прикажан фолмот „Промени го крајот на нечија приказна“. Филмот е во продукција на „Види вака“ и ги следи животните приказни на пациенти, донори и медицински професионалци кои се дел од системот за трансплантација во земјава, прикажувајќи ги предизвиците и успесите во оваа важна област на медицината.
Органодонорството претставува еден од најблагородните чинови на солидарност и хуманост. Во нашата држава, како и во светот, илјадници пациенти чекаат за трансплантација која буквално значи втора шанса за живот. Секој донор може да спаси до осум животи и да го подобри квалитетот на живот на многу повеќе луѓе.
Филмот е изработен во рамките на проектот „Поддршка на системот за трансплантација“ финансиран од Европската Унија.





