Премиера на документарецот „Промени го крајот на нечија приказна“ во МКЦ

Во скопското кинот „Фросина“ при Младинскиот културен центар вечерва во 19 часот премиерно ќе биде прикажан фолмот „Промени го крајот на нечија приказна“. Филмот е во продукција на „Види вака“ и ги следи животните приказни на пациенти, донори и медицински професионалци кои се дел од системот за трансплантација во земјава, прикажувајќи ги предизвиците и успесите во оваа важна област на медицината.

Органодонорството претставува еден од најблагородните чинови на солидарност и хуманост. Во нашата држава, како и во светот, илјадници пациенти чекаат за трансплантација која буквално значи втора шанса за живот. Секој донор може да спаси до осум животи и да го подобри квалитетот на живот на многу повеќе луѓе.

Филмот е изработен во рамките на проектот „Поддршка на системот за трансплантација“ финансиран од Европската Унија.

Сподели