Премиера на „Биби, Боби и една снешкастична нова година“ во „Синеплекс“

Во скопското кино „Синеплекс“ денеска во 12.30 часот ќе се одржи премиерата на анимираниот филм „Биби, Боби и една снешкастична нова годинаво режија на Никола Чикос, во продукција на „Светот на Биби“. Филмот трае 40 минути исполнети со многу забава, музика, песни и магионичарски трикови со Биби, Боби, мама Ана, тато Тино и зазулчињата Зази и Зина.

Главен сценарист е Билјана С. Црвенковска, во соработка со Саша Станишиќ, Деан Дамјановски и Бојан Трифуновски. Гласовите ги позајмуваат актерите Слаѓана Вујошевиќ, Сашко Коцев, Никола Ристановски и Сашка Димитровска, а во креативниот процес биле вклучени 40-50 луѓе.

– Подготовка на филм за најмладите е навистина интересна задача. Свесни сме дека децата ги даваат најискрените оцени, кај нив нема дипломатски одговори – велат од продукцијата.

Филмот ќе биде на редовниот репертоар на „Синеплекс“.

Сподели