Изложба на Нада Прља и Изабела Перс во Милано

Во галеријата „aA29 Project Room“ во Милано отворена е изложбата „In Common“ на уметниците Нада Прља и Изабела Перс. Изложбата за современите социјални и еколошки прашања е курирана од Лаура Черубини.

Тргнувајќи прашањето „Што ни е заедничко?“, Прља и Перс ги анализираат соовремените медиуми кои влијаат на нашата перцепција на светот околу нас. Прља се прашува како уметниците да ги променат начините на производство на сопствените уметнички дела, за да избегнат неограничено искористување на материјали. Со давање соодветен пример, таа ги рециклира своите постари за да создаде нови уметнички дела, што резултира со слоевитост на содржината што ги збогатува постоечките дела со нови значења и концепти.

Дело од Изабела Перс / Фото: Даниеле Марзорати

Делата на Перс ги толкуваат климатските промени преку јазикот на водата и поврзувањето на ситуации кои се слични во нивните околности, и покрај тоа што физички се многу оддалечени една од друга. Од една страна, небесните атоли на Кирибати во Тихиот Океан страдаат од ефекти од ненадеен пораст на нивото на морето. Од друга страна, територијата на североисточна Италија, која беше насилно погодена од бурата Ваја во октомври 2018 година уништи десетици илјади хектари алпски шуми.

– Заедничката основа на делата на двете уметници лежи во деконструкцијата на типичните практики на масовните медиуми. Заедничката основа е во новите прашања што тие ги изразуваат со своите дела, преку размислување за употребата и злоупотребата на информациите и преку пребарување на критичко читање на сегашното време – велат организаторите.

Изложбата ќе биде отворена до 13 февруари. За изложбата ќе биде објавена и книга во со фотографии и критички текстови.

Насловна фотографија: дело од Нада Прља / Фото: Даниеле Марзорати

Сподели