Предавање за феноменот на балканскиот вампир на Институтот за етнологија и антропологија

„Етнолошки и историско-религиски огледи на феноменот на балканскиот вампир“ е насловот на презентацијата на м-р Александар Мешков која денеска во 11 часот ќе се одржи во училница 17 на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

– Со презентација на колегата Мешков на интересна тема која е дел од неговата идна докторска дисертација се придружуваме кон одбележувањето на Меѓународниот ден на антропологијата – велат од Институтот.

Таа е трета во серијата семинари под наслов „Благодарам за коментарите“, во чиј склоп се презентираат тековни истражувања. Меѓународниот ден на антропологијата се одбележува секој трети четврток во годината и годинава паѓа на 15 февруари.

Сподели