Оставнуваат уште два дена за пријавување за вториот циклус на студии на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Факултетот овозможува 25 програми од различни области за унапредување и професионалнен развој.
– Бројот на слободни места варира според студиската програма, а траењето на студиите е една година. Цената за студиите е од 1.915 до 1.948 евра во зависност од избраната програма. Не ja пропуштајте шансата да станете дел од една од најпрестижните образовни институции во земјата – велат од Факултетот.
Рокот за пријавување е заклучно со утрешниот ден – 16 февруари. Ова се програмите на кои можете да аплицирате:
Практичка филозофија
Теоретска филозофија
Педагошки науки
Менаџмент во образование
Социологија
Европски студии по интеграција
Историја
Историја на уметноста
Класична филологија, византологија и микенологија
Психологија
Безбедност
Корпоративна безбедност
Безбедносен менаџмент
Стратегиски и одбранбени студии
Мир
Социјална работа и социјална политика
Младинска работа
Меѓународни односи: Разрешување на конфликти, дипломатија и глобално управување
Религиски студии
Археологија
Специјална едукација и рехабилитација (различни подпрограми)
Инклузивно образование
Менаџмент на човечки ресурси во општествените дејности
Интеркултурни студии
Родови студии
Повеќе информации на линкот.





