„Сеќавање и заборавање во поствоена Босна и Херцеговина: Помеѓу тишината, сомнежот и надежта“ е насловот на предавањето што ќе се одржи утрово во 10 часот на Институтот за етнологија и антропологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Предавањето ќе го одржи проф. д-р Аленка Бартуловиќ од Одделението за етнологија и културна антропологија при Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана. Таа престојува на Институтот преку програмата за мобилност Еразмус+.





