„Невербална комуникација: Моќта на говорот на телото и гласот“ е насловот на предавањето на Џеф Кабили од Универзитетот „Стенфорд“ кое ќе се одржи на 17 февруари напладне на Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе. Предавањето е бесплатно.
– Не пропуштајте ја оваа ретка можност да присуствувате на интерактивно предавање од искусен предавач од еден од најдобрите три светски универзитети. Научете како да ја пренесете вашата порака на убедлив начин, фокусирајќи се на невербалната комуникација и техниките за изразување – велат од Универзитетот.
Предавањето ќе биде на англиски јазик. Сите заинтересирани треба да се регистрираат на линкот.





