Дела од Лесновската ликовна колонија во Куманово

Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово на пладне ќе биде отворена 31. Лесновска ликовна колонија. Изложбата содржи 30 слики изработени од 17-те автори учесници на колонијата.

Меѓународната лесновска ликовна колонија започнува да се организира далечната 1992 година. Организатор на колонијата е Домот на културата “Злетовски рудар” од Пробиштип, со подршка од Општина Пробиштип, a оваа година е избрана на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата 2023 год. Денес таа прераснува во голема културна манифестација и е препознатлив белег на општина Пробиштип.
Стотици уметници од многу краеви на светот учествувале на Лесновската ликовна колонија,зад себе оставајќи голем број на уметнички дела ,кои се дел од богатата збирка на уметнички дела при Дом на културата “Злетовски рудар”.

На 31. Лесновска ликовна колонија учествуваа 17 уметници, најмногу од нашата држава, но и од Србија, Бугарија и Данска. На оваа колонија беа создадени 30 уметнички дела. Колонијата се одржа од 28 јуни до 2 јули минатата година. Изложбата ќе биде поставена до 21 февруари.

На Колонијата учествуваа: Бисер Кирилов, Бисер Лапев, Горан Боев  Васко Гаврилов, Валентина Илијевска, Ѓорги Иванов, Јован Јованов, Бојан Тосевски, Ѓоко Антониев, Мики Иванов, Данчо Ордев, Дарко Заревски, Драгаан Кузмановски, Силвана Миленкова, Тони Чатлески, Филип Јовевски и Христина Стојчевска.

Сподели