Дел од учениците од петто одделение на 2 недели пред крајот на учебната година добија учебник по македонски јазик. Дел ќе добијат до крајот на учебната година, велат од Министерството за образование и наука. Јавноста со потсмев реагира на доставата на учебникот кој доаѓа до училиштата и до учениците на самиот крај на учебната година.
-Веднаш откако е добиена согласност за примена на учебникот по македонски јазик за 5. одделение од страна на Националната комисија за учебници, истиот е испечатен и преку етапна испорака доставен до сите училишта – велат од МОН.
Речиси целата учебна година помина во етапно доставување учебници по повеќе предмети во основното образование. По многу предмети учениците учеа од материјали за настава.





