Праизведба на комедијата „Обвинителка“ од Огнен Неделковски, во режија на Сашо Ристовски

Во Народниот театар во Штип вечерва во 20 часот ќе се одржи праизведба на комедијата „Обвинителка од Огнен Неделковски, во режија на Сашо Ристовски. Ќе настапат актерите: Лидија Вукиќевиќ од Србија, Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски. Костимите ги изработи Елена Лука, сценографијата на Крсто Богојевски, а музиката е на младиот композитор Мишел Трајковски.

Претставата заборува за љубовта и страста што можат да му сторат на еден човек, како е да се плашиш и да живееш во страв дека те прислушкуваат, колку и на што се сме спремни за да побегнеме од одговорност и многу општествени случувања кои се карактеристични на денешното време.

Театарскиот проект е поддржан од Министерството за култура, почестниот српски конзулат со седиште во Охрид, Центарот за култура Ацо Шопов од Штип и други.

Сподели