Повик за зелена и одржлива мода за македонски дизајнери

Македонски дизајнери на мода, текстил и аксесоари може да учествуваат на меѓународната резиденцијална програма „Зелена и одржлива мода – Нордиско-балтичката приказна“ што ќе се одржи од 21 до 30 март идната година во Македонија. Резиденцијата е дел од истоимениот проект финансиран од Нордискиот совет на министри, а ќе се реализира со поддршка од шведската амбасадата во земјава, во партнерство со амбасадите на Данска, Финска, Норвешка и Литванија, Fashion Weekend Skopje и Македонското модно здружение.

Целта на програмата е да ја поттикне креативната размена и одржливото размислување во модниот дизајн, обединувајќи македонски креативци со дизајнери од Нордиско-балтичкиот регион. Учесниците ќе развиваат заеднички концепти инспирирани од традиционални техники, културно наследство и современи зелени практики.

Повикот е отворен за млади и афирмирани дизајнери со интерес за одржливост, циркуларен дизајн и иновативни материјали. Повеќе информации на линкот.

Сподели