Филмот „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска ја освои наградата Silver Hugo за најдобар документарец на Чикаго филмскиот фестивал. Филмот на Котевска веќе засилено го оди својот фестивалски пат, како дел од американска турнеја. Котевска учествуваше и на програмата Docs to Watch, престижна селекција на The Hollywood reporter, во рамките на SCAD Савана филм фестивал, на кој учествуваа режисери од десетте најуспешни документарци од годинава, меѓу кои е и „Приказната за Силјан“.
„Приказната за Силјан“ е без конкуренција најубавиот документарец на годината — неверојатно промислена нефиктивна приказна за односот меѓу постар маж од Северна Македонија и штркот со кој се спријателува на едно ѓубриште, пишува „Индивајр“. Никола очајно се обидува да ја задржи својата семејна фарма откако неговото семејство заминува во Германија во потрага по постабилна работа, а штркот станува негов придружник.
„Индивајр“ го објави новиот трејлер за филмот и ги повика гледачите од целиот свет да гласаат за него во рамки на престижната награда Cinema Eye Honors Audience Choice Award. Можете да гласате и вие на ЛИНКОТ.
Ова е вистински настан кој необично потсетува на вековна македонска народна приказна за блудниот син кој повторно воспоставува врска со својот татко, дури откако се претвора во штрк. Но, никогаш не била намерата на режисерката Тамара Котевска („Медена земја“) да пронајде вистинска верзија на „Приказната за Силјан“. Животот, внимателно набљудуван од неа со години во овој случај, едноставно се случил да го одрази уметничкото дело.
Прочитајте го целиот текст на следниот ЛИНК.





