Повик за традиционалниот меѓународен конкурс за стрип

Стрип-центарoт на Македонија во Велес објави повик за учество на традиционалниот меѓународен конкурс за стрип на кој може да учествуваат автори од целиот свет, без разлика на полот и возраста. Tемата е слободна, а секој автор може да учествува со само еден стрип. Исклучок има за сценаристите каде се дозволува едно лице да направи сценарио за повеќе стрипови.

Според критериумите, должината на стрипот треба да биде од 1 до 6 табли на А4 формат (минимум 300 дпи ако се испраќа по електронски пат). Ако стрипот е на една страна треба да биде со најмалку 5 сликички, а ако е во боја, препорачливо е да се испрати преку пошта или достави лично. На еден стрип можат да работат повеќе автори (притоа да се напише кој што направил: сценарио, молив, туш…)

– Сите пристигнати стрипови ќе бидат во конкуренција за изложување во рамките на изложбата на Салонот на стрип. Тричлена интернационална комисија ќе направи избор за наградите – вели Томе Трајков, програмски координатор на Центарот.

Ќе бидат доделени „Златен стрип“ )во износ од 300 евра), „Сребрен стрип“ и „Бронзен стрип“, награда за најдобро сценарио, за најдобар млад автор, дипломи и други награди.

Стриповите треба да се испратат најдоцна со 10 август на адресата на Стрип-центар на Македонија – Велес или на електронската адреса stripkonkurs@gmail.com.

Сподели