Поткаст со Васко Марковски, патеписец, туристички водич, поет…(ВИДЕО)

Новинар, преведувач од турски јазик, музичар, патеписец, туристички водич – ова се само неколкуте вокации со кои може да се опише Васко Марковски. Личност со која можете на долго и на широко да зборувате за културните традиции на Скопје и пошироко, за вистинскиот мултикултурализам, за љубовта кон културата на својата земја.

Марковски е еден од соговорниците во поткастите кои се дел од проектот „Платформа за културни односи: Културата и традициите во Гостивар“. Низ 10 видеопоткасти што ги изработи тимот на Умно.мк во изминатиот период, зборувавме за културата, љубовта кон уметноста во полошкиот крај, мултикултурниот живот и заедничките соработка.

Проектот е дел од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2“, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). За содржината на овој видео материјал, како и наодите што се изнесени во него одговорно е исклучиво Здружението „Иницијатива за развој на туризам, култура и животна средина – Полог“ од Гостивар и на никаков начин не ги отсликува ставовите на Европската унија (ЕУ) или на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП).

Сподели