„Дунек“ за нас е едно безбедно место, каде што можеме да твориме, да создаваме и слободно да се изразуваме, и интелектуално и емотивно. Сите работи што ни се случуваат секојдневно, едноставно одиме на проба и ги вадиме од нас, се чувствуваме полетно. Ова е многу благородна работа што младите можат да ја доживеат – вели младата актерка Теодора Волческа од Гостивар. Таа е голем љубител на театарот и го живее играјќи во претставите на аматерскиот театар „Дунек“, но своето искуство го пренесува и на поновите генерации.
Волческа е една од соговорниците во поткастите кои се дел од проектот „Платформа за културни односи: Културата и традициите во Гостивар“. Низ 10 видеопоткасти што ги изработи тимот на Умно.мк во изминатиот период, зборувавме за културата, љубовта кон уметноста во полошкиот крај, мултикултурниот живот и заедничките соработка.
Проектот е дел од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2“, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). За содржината на овој видео материјал, како и наодите што се изнесени во него одговорно е исклучиво Здружението „Иницијатива за развој на туризам, култура и животна средина – Полог“ од Гостивар и на никаков начин не ги отсликува ставовите на Европската унија (ЕУ) или на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП).





