Анди Исмаили го освои својот четврт медал на светскиот шампионат во модерен балет што деновиве се одржа во словенечкиот град Потчетртек. Ова е втор златен медал на овој шампионат, откако стана светски шампион и во џез конкуренција во која за прв пат настапи. Исмаили сега е трикратен светски шампион во модерен балет.

14-годишниот Анди Исмаили од Гостивар е член на клубот iDance studio од Гостивар, а негови тренери се Вулнет Назири и Сарита Селмани. Неодамна тој беше апсолутен победник на меѓународниот натпревар „Стејџ“ што се одржа во Скопје.





