„Бебенце мало. Не те познавам, не ти знам ниту име. Ама ти ја праќам целата моја љубов и енергија. Што поскоро да се гушкаш со мама и тато.“
Ова е една од пораките кои хуманитераните луѓе им ги испратија на бебињата на неонанотологија, на Клиниката за детски болести во Скопје. Пораките беа придружени со пакети за хигиена, пелени, влажни марамици, цуцли во рамките на хуманитарната акција што ја организираа Здружението на граѓани „Куќа на среќата“, Хуманитарната организација „Свети Спас“, фризерското студио „Марина Леа“, Иле Михајловски и Димче Каневче. Ви пренесуваме дел од порагите што ги сподели Михајловски.


















