Во рамките на изложбата „Звучни слики“, вечерва во 18 часот во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи поетско читање „Музички песни (за деца и возрасни)“. Авторот Владимир Мартиновски чија изложба минатата недела беше отворена, ќе чита избор од песни од неговите книги за деца – „Шах со Бах” и „Хор од задниот двор”, како и за возрасни – „Квартети” и „Пред и по танцот”.
Идејата на поетското читање е да се предочи нераскинливата врска помеѓу поезијата и музиката.





