Поддржете ја уметноста – купете дело од студентите на ФЛУ

„Мал формат“ е насловот на изложбата на студентите на Факултетот за ликовни уметности дела на хартија која вечерва во 18 часот ќе биде отворена во галеријата „Драгутин Аврамовски-Гуте“ во Сули ан во Старата скопска чаршија. Ќе бидат претставени дела на студентите од прв и втор циклус студии на ФЛУ, изработени во мал формат во традиционални и експериментални техники. Целта на оваа изложба е да ги афирмира изразните можности на малиот формат во современата ликовна практика.

Оваа изложба се организира од 1990-те години. Со свои дела ќе се претстават студентите од сите катедри на Факултетот. Во организација на настанот оваа година ќе даде свој придонес Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје. Изложбата е од продажен карактер. Работно време на галеријата е од понеделник до петок, од 9 до 17 часот.

Сподели