Почнува меѓународната научна конференција „Проект Скопје“

Дводневната меѓународна научна конференција „Проект Скопје“ ќе почне денеска во 8.30 часот на Архитектонскиот факултет во Скопје. Светски архитекти и истражувачи од Јапонија, Холандија, Грција, Италија, Полска и од Соединетите Американски Држави ќе разговараат за моќта на солидарноста, светската соработка, архитектурата и изградбата на разурнатите градови и заедници.

Конференцијата ја организира Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ по повод 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје и 110 години од раѓањето на јапонскиот архитект Кензо Танге.

Сподели