Константин Трипуновски освои бронзен медал на натпреварот по физика TalTech 2023

Константин Трипуновски од Скопје, студент на Медицинскиот факултет во Љубљана освои бронзен медал на онлајн-натпреварот по физика TalTech 2023. На натпреварот учествуваа 1.313 натпреварувачи од 93 земји. Од Македонија Трипуновски постигна најдобри резултати со 2.113 поени и освои бронза.

Во најдобрите 6 отсто од вкупниот број натпреварувачи влегоа и Мајкл Георгиевски од гимназијата „Добри Даскалов“ од Кавадарци, Матеј Гелев од „Јахја Кемал“ и Виктор Крстевски од „Раде Јовчевски-Корчагин“ од Скопје.

Сподели